Wednesday, January 22, 2014

10 совети за тоа како треба да изгледа мотивационо писмо и пример мотивационо писмо

 1. Совети



2.  Пример мотивационо писмо од „искрен“ кандидат.

Почитувани
Во врска со Вашиот оглас за потреба од правник ви го доставувам моето
мотивационо писмо.

Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа
освен ако не сум дебело платен. Доколку платата е под 1500 евриќа ич
не ми се ни јавувајте да си трошим време и пари
Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не
можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за
гардероба, книги, патување, излегување и спорт.
Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“
Исто така, не ме интересира што сте во проблеми и очекувам сите
обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и
тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор.Доколку не ги
исполнувате обврските ќе Ви стегнам тужба и ич око нема да ми трепне а
уво нема да ми чуе.
Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.
Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам
краток фитил.
Пцујам на неколку светски јазици.
Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и
мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.
Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со
тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви
западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа.
Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована
личност.
Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.
И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист
ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за
работата која Вие ја нудите
Со почит

No comments:

Post a Comment